Куп жени: Вардар ја прекина доминацијата на Бадел - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
25/05/2017 21:10
Коментари
25/05/2017 18:53
Фудбал
25/05/2017 14:47
Кошарка
25/05/2017 12:01

Куп жени: Вардар ја прекина доминацијата на Бадел

Куп жени: Вардар ја прекина доминацијата на Бадел

Вардар е новиот освојувач на Купот на Македонија во кошарка во женска конкуренција откако „црвено-црните“ во голема битка славеа над Бадел со 79-75. Во финале кое беше неизвесно до самиот финиш „вардарки“ мечот го добија пред се со цврста одбрана во клучните моменти, откако беа принудени финишот да го одиграат без својата најдобра кошаркарка, Едина Муса, која заработи пет лични грешки. Победата е апсолутно заслужена, а со неа Вардар ја прекинува доминацијата на Бадел, откако оваа екипа три години по ред го креваше пехарот во Купот на Македонија.

И двете екипи имаа свои периоди на доминација во првата четвртина. Подобро почнаа „вардарки“, кои набрзина поведоа со 12-3 со тројката на Муса. Сепак, Бадел набрзина се консолидираша, па по предноста на Вардар од 21-14 „баделки“ постигнаа осум поени во низа, враќајќи ја резултатската неизвесност. Првата четвртина заврши со минимална предност на Вардар од 24-22, а „црвено-црните“ го контролираа резултатот и до крајот на полувремето, заминувајќи на одмор со пет поени позитива (42-37).

IMG_8224

Бадел конечно ја стегна одбраната во третата четвртина, во која ова екипа му дозволи на противникот да постигне само единаесет поени (11-15), па во последните десет минути се влезе со само еден поен предност за „вардарки“ (52-53). На стартот од последната четвртина блесна Пејковска, која ги постигна првите осум поени за Бадел, па резултатот беше израмнет (60-60). Проблемите на Вардар се зголемија откако на шест и пол минути до крајот петтата лична грешка ја заработи Муса, која дотогаш беше најдобра во редовите на „црвено-црните“.

Благодарение на добрата одбрана Вардар имаше водство од 65-63, резултат при кој не реализираше неколку напади. Во вистински момент одговорноста ја превзеде Американката Ватс, погодувајќи три слободни фрлања, но исто така и изнудувајќи чекори од Трајчевска на спротивната страна, за водство од 68-65 и напад на минута и пол до крајот. Бадел немаше никаква идеја во нападот, па повторно бранителките на трофејот промашија тројка со звукот на сирената од над осум метри, но Ѓорчева промаши две слободни фрлања. Бадел промаши уште еден напад, а потоа Вардар и по промашениот шут оствари офанзивен скок преку Деловска, по што Ватс од линијата за слободни фрлања ја запечати победата, изразена со конечни 69-65.

Муса беше најдобра на теренот со 23 поени, 11 скока и три украдени топки, Ватс постигна 11 поени за „вардарки“, додека Деловска и Ѓорчева постигнаа по десет за освојувачките на пехарот. Најдобри поединки кај Бадел при денешниот пораз беа Лескароска со 20 и Трајчевска со 17 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.