Куртоа: Лани го стигнавме Сити, можеме и оваа сезона

Челси заостанува девет бода зад Манчестер сити, но големиот дерби-триумф над Манчестер јунајтед ја крена атмосферата во таборот на актуелниот првак. Така, голманот Тибо Куртоа сега со оптимизам говори дури и за одбрана на титулата, без оглед на фактот дека „граѓаните“ имаат голема предност, но и играат извонреден фудбал во моментов.

„Лани исто така во еден момент од сезоната заостанувавме осум бода зад Манчестер сити, па влеговме во серија и успеавме да ги стигнеме, на крајот и убедливо да стигнеме до титулата. Се надевам дека наскоро ќе почнат да губат бодови, во моментов делуваат незапирливо, но верувам дека во текот на сезоната и тие ќе влезат во кризен период, има уште многу за играње“ – оптимист е Куртоа.

Челси во следното коло по репрезентативната пауза на 18 ноември ќе му гостува на тимот на ВБА.

Се вчитува...