Младиот напаѓач на Милан, Патрик Кутроне призна дека за водечкиот гол за 1-0 против Лацио ја удрил топката со рака, но инсистира дека немал намера да го направи тоа, бидејќи во тие моменти не почусвтувал ништо, бил свесен за тоа дури откако ги видел снимките од самиот гол.
„Ја удрив топката со рака, но не беше намерно. Во тие моменти не почувстував ништо, само сакав добро да ја удрам топката за да погодам. Дури по завршувањето на мечот на снимки и фотографии забележав дека сум ја удрил со рака. Тоа беше момент на адреналин и инстинкт, немав намера на неправеден начин да правам работи во моја корист или во корист на тимот. Се извинувам ако мојата искреност е доведена во прашање“, истакна Кутроне.
ВАР – технологијата не беше употребена за да се потврди дали е голот регуларен или не, а Милан подоцна ја потврди победата со погодокот на Бонавентура.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА