Кузмановски: Ги загубивме шансите за вторo место, но не се предаваме

Капитенот Филип Кузмановски, вети борбена и пожртвувана игра на Металург во саботниот дуел со Мотор Запорожје во групната фаза од Лигата на шампионите. Искуството е на страната на укаринскиот тим кој по осум кола има четири победи и моментно е на второто место во групата зад Монпелје. Но, младиот состав на Металург многупати досега покажал дека може да ги изненади и посилните противници.

Знаеме што не очекува во сабота, добро го знаме противникот и квалитетот со кој што располага. Мотор е искусна екипа со добри поединци.Таму одигравем еден од најдобрите натпревари, покажавме како се игра одбрана, како нашпад и дека можеме да одиграме добро и да извлечеме позитивен резултат. По серијата порази ние ги загубивме шансите за втора позиција, но нема да се предадеме. Очекувам поддршка од публиката, а ние ветуваме добра и борбена игра. Ние сме млада екипа ни треба поддршка. Покажавме дека до 50 минута добро се држиме, но тоа наше неискуство на крај не чинеше порази. Верувам дека овој пат ќе одиграме концентрирано до крај“ – вели Филип Кузмановски.

Се вчитува...