„Л’Екип“: Конте ќе биде наследник на Унаи Емери во ПСЖ

Пари Сен Жермен потклекна во европската битка, доживеа елиминација во осминафиналето од Реал Мадрид, а тоа тотално го разочара раководството на клубот кое вложи огромни средства во нови засилувања пред почетокот на сезоната. Цехот ќе го плати тренерот Унаи Емери кој сигурно ќе биде сменет, а влијателниот француски весник „Л’Екип“ открива дека Италијанецот Антонио Конте ќе биде неговиот наследник.

Првичните контакти меѓу челниците на ПСЖ и Антонио Конте се веќе остварени, а агентот на италијанскиот стратег, Федерико Пасторело, следниот вторник треба да дојде и на конкретни преговори во Париз.

Јасно е дека Конте ќе си замине од „Стемфорд бриџ“ по неуспешната сезона во Челси, а најверојатно ќе добие можност да води нов моќен тим. Пари Сен Жермен сигурно ќе му дозволи да ја оформи екипата според неговите замисли и да се обиде следната сезона да ја освои Лигата на шампионите.

Се вчитува...