ЛА клиперс ги потопија „кралевите“, Денвер подобар од Јута

Во извонредно издание на домашен терен, кошаркарите на ЛА клиперс славеа победа против Сакраменто кингс со 122-95.

Уште во првата четвртина двата тима прикажаа ефикасна игра и најавија меч со многу поени. По првите 12 минути резултатот беше 30-30. Но, тука и заврши неизвесноста. Веќе во втората четвртина клиперси ја презедоа контролата на играта  и на резултатот и во еден момент стигнаа и до 20 поени разлика.

Домашниот тим без поголеми проблеми успеа да ја задржи позитивата и во вториот дел од натпреварот завршувајќи ја третата четвртина со +22 (95-73). Во последниот дел, шанса добија и играчите кои вообичаено немаат голема минутажа на терен, но и со резервен состав ЛА клиперс добро функционираа и го добија и овој дел со 27-22 заголемувајќи ја вкупната предност за сигурна победа на крај.

Клиперси во триумфот ги предводеше Монтезл Харел со 22 поени, а еден поен помалку постигна Лу Вилијамс. На спротивната страна кај кингси подобар од другите беше Вили Коли – Стајн со 17 поени, седум скока и три асистенции.

Во дуелот во Денвер, домашниот тим славеше против Јута џез со 107-83. Најефикасен во составот  на Денвер бепе Џамал Мареј со 22 поени и осум скока, 16 поени и осум скока додаде Треј Лајелс, а по 15 поени запишаа Вилсон Чендлер и Гери Херис.

„Џезерите“ ги предводеше Дерик Фејворс со 20 поени и шест скока, Јеребко и Донован Мичел постигнаа по 13 поени за Јута.

tabela istok

tabela zapad

Се вчитува...