Лабовиќ: Не беше лесно да се победи искусниот Работнички, честитки на борбата

Центарот на Карпош Соколи, Драган Лабовиќ, по третиот триумф над Работнички и пласманот во финалната серија, истакна дека не беше лесно да се совлада искусната екипа од „Градски Парк“. Тој им честиташе на ривалите за трите одлични, но тешки дуели и за борбеноста.

„Воопшто не беше лесно да се победи Работнички. Тие се искусна и квалитетна екипа, добро се познаваат и разбираат на теренот, па беше тешко да постигнуваме поени и да оствариме победа на сите три натпревари. Им честитам на борбеноста и им посакувам се најдобро во иднина. Лично сум среќен и горд на мојот тим што машки се бореше до самиот крај на оваа серија и оствари три победи во фер игра. Што се однесува за финалето, не’ очекуваат исто така тешки и неизвесни натпревари, против еден квалитетен состав на МЗТ. Се надевам и очекувам дека ќе ги одиграме сите пет меча, но прво треба добро да се одмориме и да влеземе во финалето максимално фокусирани и подготвени“ – изјави Лабовиќ по синоќешниот натпревар против Работнички.

Се вчитува...