Лагербек: Не сум изненаден од оваа добра Македонија… Немавме противигра!

Селекторот на Норвешка, Ларс Лагербек видно незадоволен на прес-конференција по поразот од Македонија отворено ја потенцираше заслужената победа на четата на Игор Ангеловски.

Лагербек нагласи дека добро знаел дека Македонија игра во одлична форма оваа година, за што на „Филип Втори“ не нашле противигра.

„Тешко е да кажам нешто после ваков меч. Но, ќе се обидам. Македонија беше многу добра а ние бевме многу лоши. Одигравме слаб натпревар но морам да кажам и дека противникот вршеше константен притисок на нашиот среден ред што ни создаде многу проблеми. Македонија добро ја контролираше играта но не сум изненаден затоа што во изминатиот период одиграа неколку одлични мечеви. Го знаевме тоа но немавме вечерва противигра“ – истакна Лагербек.

Се вчитува...