Лајпциг го губи здивот во трката за титула: Само реми со Аугсбург

Лајпциг се чини го губи здивот во трката за шампионската титула со Баерн Минхен. Во првиот натпревар од 23. коло во Бундеслигата, Лајпциг ремизираше (2-2) на гостински терен против Аугсбург.

Лајпциг имаше предност, но дозволи домашните да дојдат до бод со погодокот на Хинтерегер во 60. минута. Претходно, Вернер во 25. минута и Компер во 52. минута стрелаа за Лајпциг, а Стафилидис во 19. минута погоди за домашните.

Martin Hinteregger Goal HD – FC Augsburg 2-2 RB… by riqezi

По ова реми Лајпциг има 49 бода, четири помалку од Баерн Минхен, кој има и натпревар помалку оној утрешниот на гостински терен против Келн.

Се вчитува...