Лајпциг со пресврт до триумф над Хановер

Фудбалерите на Лајпциг се вратија на победнички патеки совладувајќи го на домашен терен Хановер со 2-1. Тие успеаја да направат пресврт во второто полувреме со головите на Јусуф Поулсен и на Тимо Вернер, иако Хановер прв поведе преку Џонатас во 56.минута.

Хамбургер славеше со 3-1 против Штутгарт, а и Шалке освои три бода со триумфот (0-1) на гости Фрајбург, со голот на Даниел Калигури.

Дербито на колото се игра вечерва од 18.30 часот, а силите ќе ги одмерат Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Резултати Германија: Борусија Менхенгладбах – Мајнц 1-1, Аугсбург – Баер Леверкузен 1-1, Хамбургер – Штутгарт 3-1, Лајпциг – Хановер 2-1, Фрајбург – Шалке 0-1

Се вчитува...