Лаказет на лето доаѓа во Ливерпул?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул најверојатно ќе го победи Арсенал во трката за францускиот интернационалец Александре Лаказет. Како што откриваат француските медиуми, Лаказет веќе решил дека во летниот преоден рок ќе се пресели на „Енфилд роуд“, а причина за тоа е соработката со тренерот Јирген Клоп.

Трансферот ќе биде вреден околу 50 милиони фунти, а Лаказет одлично би се вклопил во системот на игра на „црвените“. Клоп форсира брз фудбал, и почитува поливалентни фудбалери во навалната линија, а напаѓачот на Лион е токму таков профил.

Самиот интерес за Лаказет е уште еден доказ дека во Ливерпул не сметаат сериозно на Даниел Стариџ, кој летово сигурно ќе биде продаден.

Се вчитува...