Лаказет: Зошто го избрав Арсенал пред ПСЖ…

Александр Лаказет имаше тешка задача да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата во текот на летото, откако веќе беше јасно дека одличниот голгетер ќе си замине од Лион. Атлетико Мадрид беше најконкретен, но преговорите пропаднаа поради трансфер-забраната за шпанскиот прволигаш, по што за Лаказет останаа само две опции за продолжување на кариерата – Арсенал и Пари сен Жермен.

Точно е дека разговарав со ПСЖ, но веднаш решив дека не сакам да заминам во овој клуб. Лион е единствениот тим во Франција за мене и кога веќе заминував, имав решено тоа да биде во друга лига. Го избрав Арсенал и убеден сум дека тоа е вистинскиот избор. На „Емирати“ играм одлично, сега треба да се потрудам во ист стил да се прикажувам и на гостинските натпревари. Премиер-лигата е исклучително силна, веднаш увидов дека морам да поработам на некои аспекти од мојата игра и верувам дека напредокот наскоро ќе биде очигледен. Морам да ја подобрам соработката со играчите за врска и со дефанзивците, но и да станам поцврст пред голот бидејќи судиите во Англија многу поретко свират прекршок“ – изјави Лаказет.

Се вчитува...