Лакрабер повредена, ги пропушата подготовките со Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

Лакрабер повредена, ги пропушата подготовките со Вардар

Лакрабер повредена, ги пропушата подготовките со Вардар

Александра Лакрабер, новото засилување во редовите на Вардар, има повреда на левото рамо и неколку недели ќе бие надвор од теренот. За француската репрезентативка тоа ќе значи одложена промоција во редовите на македонскиот шампион и отсуство во речиси комплетните подготовки со „црвено-црните“ пред стартот на новата сезона.

Најдобриот стрелец во репрезентацијата на Франција која го освои сребрениот медла на ОИ во Рио, на финалето против Русија силен удар во левото рамо и поради болката не успеа да го доигра натпреварот. По лекарските прегледи утврдено е дека Лакрабер има исчашување на левото рамо поради што неколку недели ќе биде надвор од теренот за да ја санира повредата.

Вардарки во новата сезона од Лигата на шампионите стартуваат на 14 октомври со првиот натпревар од групната фаза против уграскиот ФТЦ на домашен терен во Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.