Ландин во Кил до 2021 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
18/10/2017 18:32
Фудбал
18/10/2017 17:40
Фудбал
18/10/2017 16:37
Фудбал
18/10/2017 16:29

Ландин во Кил до 2021 година

Ландин во Кил до 2021 година

Кил во изминатите години инвестираше во врвни млади ракометари, но германскиот гигант не се откажува така лесно и од поискусните лидери што ги има во своите редови. Доказ за тоа се и успешните разговори што „зебрите“ ги имаа со својот голман Никлас Ландин, кој потпиша нов четиригодишен договор со актуелниот германски вицешампион.

Јас и моето семејство се чувствуваме многу добро во Кил, исто така ни одговара што сме близу до Данска. Кил во моментов во своите редови има голем број на млади играчи, пред овој клуб е блескава иднина. Сакам да продолжам да бидам дел од тоа, затоа ми е мило што потпишав договор до 2021 година“ – изјави Ландин по потписот на договорот.

„Зебрите“ во своите редови го имаат најдобриот голмански тандем во Европа, ако се знае дека од сезонава покрај Ландин голот на Кил го брани и германскиот репрезентативец Андреас Волф.

Данскиот чувар на мрежата е дел од Кил од јули 2015 година, кога дојде во овој клуб од редовите на лутиот ривал Некар Левен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.