Лацио не запира, ја освои и Ница

Фудбалерите на Лацио продолжуваат со одлични настапи, па по големиот триумф во Торино над Јувентус пред неколку дена, римскиот клуб вечерва славеше и на гостувањето во Ница со 1-3, за своја трета победа во низа во групата од Лигата на Европа. Ниту раниот гол на Балотели не ги исфрли од ритам избраниците на Симоне Инзаги, кои експресно возвратија за израмнување преку Каиседо, за потоа во второто полувреме со двата гола на Милинковиќ Савиќ да дојдат до цел плен на ова тешко гостување.

Херта има минимални шанси за пласман во следната рунда откако берлинскиот клуб во третото коло се уште е без победа (едно реми и два порази) откако денеска загуби од Зорија со 2-1, со голот на Сваток во 79. минута.

Олимпик Марсеј по голема битка стигна до трите бода на дуелот со Гимараеш (2-1). Гостите од Португалија први поведоа, но Олимпик собраа сили за пресврт и забележа победа благодарение на погодоците на Окампос и на Лопез.

ГРУПА Г: Хапоел Бер Шеба – ФЦСБ 1-2, Лугано – Плзен 3-2.

ГРУПА Х: БАТЕ Борисов – Келн 1-0, Црвена звезда – Арсенал 0-1.

ГРУПА И: Коњаспор – Салцбург 0-2, Олимпик Марсеј – Гимараеш 2-1.

ГРУПА Ј: Остерсунд – Атлетик Б. 2-2, Зорија – Херта 3-1.

ГРУПА К: Ница – Лацио 1-3, Цулте Варегем – Витесе 1-1.

ГРУПА Л: Вардар – Реал Сосиедад 0-6, Зенит – Розенборг 3-1.

Се вчитува...