Лацио реди победи, дојде на „минус три“ од врвот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Лацио реди победи, дојде на „минус три“ од врвот

Лацио реди победи, дојде на „минус три“ од врвот

Лацио дефинитивно влегува во топ-форма, откако римскиот клуб вечерва лесно го совлада Калјари со 3-0. Ова беше четврта победа во низа за тимот на Симоне Инзаги, со која „лацијалите“ се приближија на само три бода заостанување зад лидерот Наполи.

Чиро Имобиле беше човек на одлука и на денешниот натпревар, откако италијанскиот репрезентативец уште во првото полувреме донесе водство од 2-0. Сите дилеми околу победникот на стартот на вториот дел ги разреши Бастос со голот за 3-0.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.