Лаури Марканен, дебитантот кој по три меча влезе во историјата на НБА

Koшаркарот на Чикаго булс, Лаури Марканен, минатата вечер се запиша во НБА историјата како прв дебитант кој успеал да погоди 10 тројки во првите три натпревари на почетокот од сезоната. Финецот со својот тим гостуваше кај вицешампионот Кливленд, имаше импресивен настап со 19 поени и 8 скока, а од линијата за три поени погоди пет пати, по што Марканен влезе во историјата на најелитното кошаркарско првенство.

Пофални зборови заслужено доби и од „кралот“ Џејмс, кој вели дека ги следел неговите натпревари кога играше за колеџ тимот на Аризона.

„Многу самоуверен играч. Веднаш го забележав тоа кај него, многу ми се допаѓа неговиот став. Ги следев до доцна неговите натпревари во дресот на Аризона, и можам да кажам дека ќе стане уште подобар играч ако паметно ги користи шансите кои му се понудени. Добро е што неговиот тренер му дава шанса да се покаже, па и да направи неколку грешки не е страшно, тој се уште се развива како играч“, вели Џејмс.

Седмиот пик на Чикаго од годинашниот драфт, првите две тројки ги постигна на своето НБА деби против Торонто репторс, против Сан Антонио погоди три пати, а пет нанижа вчера против Кавси.

https://www.youtube.com/watch?v=5HIjvidyshE    

Се вчитува...