Лазаров: Чешка не беше слаба, ние бевме ОДЛИЧНИ

Кире Лазаров беше предводник на Македонија во оваа перфектна вечер и убедливата победа над Чешка. Македонскиот капитен потсети дека совладаниот ривал воопшто не е наивна селекција, искажувајќи гордост за изданиеето на нашиот национален тим.

„Мислам дека ова е еден од нашите најквалитетни натпревари. Не смееме да се залажуваме дека само затоа што разликата е огромна, ривалот бил слаб. Да не заборавиме дека оваа иста репрезентација пред неполна година не газеше во Чешка. Очигледно е дека поправивме некои детаљи во нашата игра, како во нападот, така и во одбраната. Ова ми дава огромна надеж за нашата иднина, особено ми е драго за сите млади играчи кои влегоа и ја оправдаа довербата. Секогаш велам дека нашата генерација ја наследивме без постари играчи, сега ја имаме улогата да ги водиме овие млади играчи да влезат во ритам. Секако дека сум горд, одигравме речиси перфектен натпревар, се ни успеваше, па на шега пред крајот му реков на Раул, дали сочува нешто и за Европското Првенство“ – изјави Лазаров.

Фактот дека двете селекции имаа обезбедено место на ЕП не претставуваше олеснителна околност за Чесите.

Чесите дојдоа да победат, ги следев на загревањето и беше очигледна нивната желба. Меѓусебниот респект е загубен по нивните коментари за ланскиот пораз и жалењето за судењето. Еве, денеска покажавме дека можеме да ги победиме, дури и со едно лошо судење за нас, тоа е уште една огромна сатисфакција“ – вели најдобриот македонски ракометар.

Денешната победа е само уште еден доказ за преродбата во македонската ракометна репрезентација под водство на Кире Лзаров.

Се уверивме самите себе дека можеме да играме квалитетен ракомет, играме модерен, интелигентен ракомет. Мило ми е што ја израдувавме целокупната македонска јавност, сите оние кои ни даваат поддршка низ годините и кои денеска можеа да го проследат ова наше одлично издание“ – горд е Лазаров на успехот на македонскиот национален тим.

Се вчитува...