Лазаров до навивачите: Не е клише, многу ни значите!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски 

Кире Лазаров им се заблагодари на бројните македонски фанови за фантастичната поддршка што ракометарите ја добиваа во првата фаза во Загреб, со надеж дека истата ќе продолжи и во Вараждин, за нови прослави како оваа вечерашната во која заеднички се радуваа репрезентативците и нивните верни фанови.

„Искрено сакам, од срце да ви се заблагодарам на сите што одвоивте време и средства, што ги оставивте своите семејства и дојдовте да не бодрите. Тоа многу ни значи, не можете да замислите од колкава помош ни е вашата поддршка кога ќе се соочиме со некоја криза на теренот. Ова не е клише, ни значите многу, ова немаше да се случи доколку не бевте вие и вашата поддршка. На добар пат сме, стоиме цврсто на земја, имаме слободни денови, добро ќе се одмориме, па се надевам дека сите ние ќе се видиме повторно во Вараждин и ќе се радуваме на нови успеси“ – им порача Лазаров на бројните членови на „фалангата“.

Се вчитува...