Лазаров и Нант елиминирани од Лига-Купот во Франција

Кире Лазаров со Нант го заврши настапот во францускиот Лига-куп. Во четвртфиналето од ова натпреварување, Нант загуби од ПСЖ со 33-35.

Избраниците на Тиери Анти добро се држеа во дуелот со актуелниот француски шампион. Во исклучително ефикасното прво полувреме, ПСЖ имаше само два гола преднлсот (20-18). Во вториот дел ѕвездите од Париз наметнаа уште посилно темпо и се одлепија на 27-19. Сепак, Нант успеа да се врати во игра и со серрија од 4-0 да намали на 30-28, но немаше сили за голем пресврт.

Лазаров го заврши натпреварот со четиир гола од седум обиди, а најефикасен во составот на Нант беше Никола Клер со седум гола. Уве Генсхајмер го предводеше ПСЖ со шест погодоци.

Во полуфиналето на Лига-Купот во кој ПСЖ ја брани титулата, продолжуваат уште и Данкерк, Истр и Тулуз.

На македонскиот капитен му остануваат уште два натпревари со Нант до зимската пауза резервирана за репрезентативните подготовки и настапот на ЕП во Хрватска. На 17 декември Нант му гостиува на Ланестер во Купот на Франција, а последниот  натпревар е на 20 декември на гости против Тулуз во француската лига.

Се вчитува...