Лазаров капитенски: Поддршка за Столе, тој е човек со срце планина…!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Капитенот Кирил Лазаров максимално капитенски настапи по големото реми со Германија со поддршка за Стојанче Стоилов кој не можеше да се смири по промашувањето за победа во последните секунди.

Лазаров асистираше за Столе, тој се најде во зицер позиција но не успеа да реализира…

„Поддршка за Столе, на секого може тоа да му се случи, и на сите ни се случувало. Тој е човек со срце планина, огромен борец, душа на тимот. Знам дека ќе биде наш најдобар ракометар во Вараждин“ – рече Лазаров и дополни:

„Ова е наша голема партија. Не толку за бодот туку за начинот на игра против европскиот шампион. Одигравме навистина велемајсторски и така верувам ќе продолжиме. Борко беше одличен на голот, ги добивме Пешевски и Мартин Поповски, нови играчи на кои ќе може да сметаме. Сите се надополнуваме како тим и затоа сето тоа, како екипа, ни дава мир ни дава надеж за уште подобри резултати“.

Се вчитува...