Лазаров не е загрижен: Ќе добивам поголема минутажа како што ќе минува сезоната - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Лазаров не е загрижен: Ќе добивам поголема минутажа како што ќе минува сезоната

Лазаров не е загрижен: Ќе добивам поголема минутажа како што ќе минува сезоната

Кире Лазаров одигра неочекувано мал дел од натпреварот меѓу Вардар и Нант, но македонскиот капитен не е загрижен од малата минутажа што ја добива на стартот од оваа сезона. Откако тренерот на Нант на прес-конференцијата истакна дека Лазаров е се уште во фаза на адаптација, истото по мечот во изјава за македонските медиуми го потврди и самиот Кире.

„Како нов член нормално е да ми биде потребно време за адаптација на системот на игра. За почеток имам проблеми и со јазикот, но убеден сум дека ќе добивам се поголема минутажа како што ќе минува сезоната“ – воопшто не е загрижен македонскиот „бомбардер“.

Тој им ја честиташе победата на „вардарци“, потенцирајќи дека е заслужена поради поголемото искуство што Вардар го има од играње на вакви натпревари.

Одигравме квалитетно и машки, но во клучните моменти ракометарите на Вардар беа поприсебни. За нас ова е прва сезона во елитните групи од Лигата на шампионите, воедно и прв пораз од стартот на сезонава, така што севкупно гледано мораме да бидеме задоволни“ – истакнува Кире Лазаров.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.