Лазаров се враќа во Барселона: Со себе носам само убави спомени - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Лазаров се враќа во Барселона: Со себе носам само убави спомени

Лазаров се враќа во Барселона: Со себе носам само убави спомени

Кире Лазаров од натпревар во натпревар остава се посилен печат врз играта на Нант, па се очекува македонскиот ас да продолжи во ист стил и за претстојното гостување во Лигата на шампионите, во кое „леворакиот бомбардер“ за ривал ќе го има својот поранешен клуб Барселона. Лазаров летово ја напушти Барса и потпиша договор со Нант, а сега веќе во четвртото коло од Лигата на шампионите ќе има можност за камбек во каталонската престолнина.

„Секако дека ќе биде посебен меч за мене, во Барса минав четири сезони и со себе носам само убави спомени. Ќе играм против луѓе кои ми се многу добри пријатели и ќе ми биде задоволство да се сретнам со нив по натпреварот. Сепак, ќе морам да ги останам чувствата настрана и да сторам се за да му помогнам на својот тим. Веќе покажавме дека можеме да се носиме со големите европски клубови како Вардар и Некар Левен, сакаме тоа да го докажеме и претстојниот викенд против Барселона“ – истакнува Лазаров.

Тој уште еднаш потенцира дека е убеден дека го донел вистинскиот избор откако по одлуката за заминување од Барселона, од многуте понуди ја избрал токму онаа на Нант.

Како што веќе реков, по седумте години во Шпанија ми беше потребен нов предизвик во кариерата. Имав многу понуди, ја видов онаа од Нант и си реков, зошто да не. Од сегашна перспектива, знам дека не погрешив бидејќи дојдов во тим со добри ракометари и одличен стручен штаб. Кога ќе се дојде во нова екипа, нормално е да се работи напорно секој ден и да се биде трпелив“ – вели македонскиот ас.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.