Лазаров со Нант ја прослави првата победа во ЛШ

Кире Лазаров ја прослави првата победа во Лигата на шампионите во дресот на Нант. Францускиот тим на домашен терен го совлада Пик Сегед со 30-26 во првиот натпревар во групата А од Лигата на шампионите. Македонскиот бек на овој дуел постигна за него скромни два гола од три обиди.

Пик Сегед доминираше во првата четвртина од натпреварот кога стигна и до четири гола предност (2-6), но Нант успеа да направи пресврт, изедначи на 12-12 и со серија од 4-0 ја презеде контролата на играта и на резултатот. На полувремето домаќините има предниост од 18-15 и успеаја да ја задржат позитивата до крај.

Доминик Клајн со максимални шест од шест го предводеше нападот на францускаат екипа. Кај Пик Сегед најефикасен беше Золт Балог со пет погодоци.

Во следното коло, на 23 септември, Лазаров со Нант му гостува на Вардар во Скопје.

Се вчитува...