Лазаров во Олстар-тимот на Ф4 во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен ас Кире Лазаров се најде во Олстар-тимот од Ф4 турнирите од Лигата на шампионите, што изминативе седум години во овој формат, се одржуваат во Келн. Во пресрет на новото издание, на кое за првпат ќе учествува и македонскиот клуб Вардар, ЕХФ ги избра идеалните седуммина. Кире Лазаров е најдобар на својата позиција, десен бек.

Лазаров се наоѓа во навистина одбрано друштво. Тој има играно на пет од досегашните седум Ф4 турнири во Келн, и го освои шампионскиот трофеј со Барселона во 2015 година.

Најдобриот Олстар тим на Ф4 турнирите во ЛШ го сочинуваат:

Голман: Тиери Омејер

Лево крило: Хуанин Гарсија

Лев бек: Филип Јиха

Среден бек: Арон Палмарсон

Десен бек: Кире Лазаров

Десно крило: Виктор Томас

Пикер: Хулен Агинагалде

Се вчитува...