Лазовски го скрати списокот: Антиќ и Гивенс, главни адути во квалификациите за ЕП

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на кошаркарки на чии услуги ќе смета за првите квалификациски средби за ЕП. На списокот на селекторот се најдоа 15 кошаркарки кои треба да се појават на првиот тренинг закажан за на 6. ноември во спортскиот центар „Јане Сандански“,  каде пет дена подоцна ќе биде одигран и првиот натпревар. Наши противници во овој евроквалификациски циклус се Италија, со која го отвораме циклусот, Шведска и Хрватска.

Клучни играчи во националниот тим се очекува да бидат Јелена Антиќ и натурализираната Американка Криси Гивенс.

  1. Јелена Антиќ – Висла Кенпак (Полска)
  2. Криси Гивенс – Авенида (Шпанија)
  3. Ивана Кметовска – Замарат (Шпанија)
  4. Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност (Црна Гора)
  5. Ана Тантуровска – Волос (Грција)
  6. Нена Трајчевска – Бор (Србија)
  7. Ивона Пејковска – Пожега (Хрватска)
  8. Софија Лазареска – Бадел 1862 (Македонија)
  9. Александра Стојановска – Бадел 1862 (Македонија)
  10. Кристина Јаневска – Вардар (Македонија)
  11. Цветанка Димова – Бадел 1862 (Македонија)
  12. Сања Адамовска – Бадел 1862 (Македонија)
  13. Анамарија Шеќероска – Струга 2009 (Македонија)
  14. Јована Петрушевска – Вардар (Македонија)

Се вчитува...