ЛЕ: Бешикташ го урна Олимпијакос и со играч помалку, понатаму одат и Генк и Селта

Бешикташ излезе како победник во турско – грчката пресметка во Лигата на Европа, елиминирајќи го Олимпијакос. По ремито (1-1) во Грција, Бешикташ славеше со 4-1 во Истанбул, иако повеќе од едно полувреме играше со играч помалку поради исклучувањето на Абубакар. Тој постигна гол, а потоа без топка удри со глава противнички играч и беше исклучен во 39.минута.

besiktas so olimpijakos

Абубакар во десеттата минута го отвори резултатот, Рајан Бабел зголеми на 2-0 во 22.минута, а Ел Јонуси му даде надеж на Олимпијакос со голот во 31.минута

Потоа следеше и исклучувањето на Абубакар, па домашните фанови со право стравуваа за конечниот исход. Но, иако хендикепирани во играта во поле, фудбалерите на Бешикташ во вториот дел постигнаа два гола. Рајан Бабел во 75.минута постигна уште еден погодок, а потоа и Тосун ја погоди мрежата на Олимпијакос.All Goals & Highlights by Gol-Live

Селта и во реваншот го совлада Краснодар со 0-2, откако и во Шпанија победи со 2-1. Хуго Малјо и Иаго Аспас беа стрелци за Селта, која патува во следната рунда.

Генк имаше огромна предност (5-2) од првиот дуел против Гент во белгиската пресметка, па доволно беше дома да одигра 1-1, за лесен пласман понатаму.

Се вчитува...