ЛЕ: Партизан подобар од Скендербег за продолжување на европскиот сон!

Белградски Партизан славеше против Скендербег со 2-0 во 4. коло од Групата Б во Лигата на Европа, по што повторно си ги врати шансите за европска пролет и минување на групната фаза од второто по квалитет европско клупско натпреварување. Сето тоа благодарение и на победата на Динамо Киев на гостински терен против швајцарски Јанг Бојс.

На дуелот во Белград, Партизан дојде во водство со прекрасен гол од слободен удар на Тошиќ во 39. минута.

А, конечните 2-0 ги постави Тавамба во 66. минута.

Од оваа група Динамо Киев веќе обезбеди место во следната рунда натпревари откако славеше со 0-1 на гостувањето против Јанг Бојс со голот на Бујалски во 70.минута.

На чекор од пласман во 1/16-финалето од Лигата на Европа веќе се Аталанта и Лион од Групата Е. Аталанта пропушти осигурување на пласманот откако дозволи реми во последните секунди (1-1) на гостувањето против Аполон, и покрај долгото водство.

Ријека, пак, на Леонард Жута ги загуби сите шанси за пласман понатаму во ЛЕ откако пред своите навивачи загуби со 1-4 од Австрија Виена.

Partizan - Skenderbeg

ЛИГА ЕВРОПА – 4. КОЛО

ГРУПА А

Славија Прага – Виљареал 0-2

Макаби ТА – Астана 0-1

ТАБЕЛА: Виљареал 8 бода, Астана 7, Славија Прага 5, Макаби ТА 1 бод.

ГРУПА Б

Партизан – Скендербег 2-0

Јанг Бојс – Динамо Киев 0-1

ТАБЕЛА: Динамо Киев 10 бода, Партизан 5, Јанг Бојс 3, Скендербег 2 бода

ГРУПА Ц

Лудогорец – Брага 1-1

Башакшехир – Хофенхајм 1-1

ТАБЕЛА: Лудогорец 8 бода,  Брага 7, Хофенхајм 4, Башакшехир 2 бода.

ГРУПА Д

АЕК – Милан 0-0

Ријека – Австрија Виена 1-3

ТАБЕЛА: Милан 8 бода, АЕК 6, Австрија Виена 4, Ријека 3 бода.

ГРУПА Е

Аполон – Аталанта 1-1

Лион – Евертон 3-0

ТАБЕЛА: Аталанта 8 бода, Лион 8, Аполон 3, Евертон 1 бод.

ГРУПА Ф

Копенхаген – Злин 3-0

Локомотив М. – Шериф Тираспол 1-2

ТАБЕЛА: Копенхаген 6 бода, Шериф Т. 6, Локомотив М. 5, Злин 2 бода.

Се вчитува...