Леброн Џејмс го престигна Џордан на листата на најдобрите стрелци во плејофот

Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс игра извонредно во плејофот сезона, со ред рушејќи бројни рекорди.

Изминатава ноќ го престигна и големиот Мајкл Џордан на првото место по број на поени во кариерата во плејоф мечевите од НБА лигата. Леброн запиша 35 поени изминатава ноќ во победата над Бостон за пласман во големото финале, па стигна до 5995 поени на вкупно 212 натпревари во плејофот.

lebron i dzordan

Мајкл Џордан своите 5987 поени во кариерата во плејоф мечевите ги запиша на 179 одиграни натпревари.

  • Погледнете ги поени со кои Џејмс го престигна Мајкл Џордан на листата на најдобрите плејоф стрелци…

LeBron James by goloviliga

Се вчитува...