Леброн и Кливленд го разбија немоќниот Бостон… (видео)

Кошаркарите на Кливленд славеа на гостувањето против Бостон со 104-117 поведувајќи со 1-0 во серијата од финалето на Источната конференција во НБА лигата.

Кливленд далеку подобро се впушти во натпреварот стекнувајќи двоцифрена предност по само осум минути, па на крајот од првата четвртина имаше 19-30. Мечот конечно се чини беше решен во вториот период кога Кливленд со фантастична игра, предводен од Леброн Џејмс и Кевин Лав, на полувреме замина со 39-61.

Во третата четвртина предноста на гостите често беше и 28 поени, за да на крајот рутински се сведе натпреварот кон победа на Кливленд.

Леброн Џејмс постигна 38 поени на натпреварот, дополнети и со девет скока и седум асистенции, додека Кевин Лав заврши со „дабл-дабл“ ефект од 32 поени и 12 скока. Тристан Томпсон дополни со 20 поени и 9 скока.

Кај Бостон се истакнаа Бредли и Краудер со по 21 поен, додека Ајзеа Томас имаше 17 поени и 10 асистенции.

Вториот меч од серијата се игра повторно во Бостон, а на распоредот е во сабота од 2:30 часот по средноевропско време.

Се вчитува...