Леброн незапирлив за Милвоки, шампионот без одговор за Олдриџ

Леброн Џејмс одигра фантастичен меч против Милвоки, самиот носејќи му ја победата на тимот на Кливленд. „Кралот“ Џејмс стигна до својот 16. трипл-дабл сезонава, реализирајќи 40 поени, 12 скока и 10 асистенции, добивајќи ја битката со Антетокумпо, кој стигна до 37 поени. По подолга пауза Кливленд повторно во тимот го имаше и Кевин Лав, кој реализираше 18 поени за 25 минути и покажа дека ќе биде значаен адут за вицешампионот во клучниот дел од сезонава.

Ламаркус Олдриџ беше во главна улога при победата што Сан Антонио ја забележа над шампионот Голден стејт (89-75), со која спарси си ги зголемија шансите за пласман во плејофот. Олдриџ го заврши мечот со 33 поени и 12 скокови, додека на спротивната страна во нападот на „воините“ беше очигледно отсуството на тројцата главни играчи, Кари, Томпсон и Дурант.

Мајами по голема битка го сoвлада тимот на Денвер со 149-141, меч во кој победникот беше решен по две продолженија.

Резултати НБА:

Кливленд – Милвоки 124-117, Индијана – ЛА лејкерс 110-100, Филаделфија – Шарлот 108-94, Бруклин – Мемфис 118-115, Мајами – Денвер 149-141 (по прод.), Њујорк – Чикаго 110-92, Сакраменто  – Детроит 90-106, Сан Антонио – Голден стејт 89-75.

Се вчитува...