Леброн никогаш послаб, Томас исклучен – фијаско на Кливленд

Кошаркарите на Кливленд кавалирс го одиграа својот најслаб меч по враќањето на Леброн Џејмс, откако синоќа беа декласирани на гостувањето против Минесота со 127-99. Кавси губеа цел натпревар, не најдоа лек за мотивираните домашни кошаркари, кои предводени од Џими Батлер го зедоа скалпот на актуелниот вицешампион. Батлер одигра извонредно, па за 21 минутаа на теренот реализираше 27 поени, 9 асистенции и осум скокови, а згора на тоа беше фантастичен и во одбраната против Леброн Џејмс. „Кралот“ Џејмс го заврши мечот со само десет поени (најмалку во последните десет години), и неверојатен индекс од минус 39, негов најслаб во НБА-кариерата. Во мизеријата на Кливленд се вклопи и Ајзеа Томас, кој во третата четвртина беше исклучен поради груб старт врз Вигинс.

Торонто по голема битка славеше во Бруклин со минимални 113-114, но „рептилите“ останаа без помошта на Лаури, кој заработи незгодна повреда и на рацете на соиграите мораше да биде изнесен од теренот.

Голден стејт ја оправда фаворитската улога против Денвер триумфирајќи со 124-114, меч што мина во знакот на Стеф Кари и неговите 34 поени и 9 асистенции.

Резултати НБА:

Индијана – Милвоки 109-96, Бруклин – Торонто 113-114, Чикаго – Хјустон 107-116, Минесота – Кливленд 127-99, Њу Орлеанс – Детроит 112-109, Сакраменто – Сан Антонио 100-107, Голден стејт – Денвер 124-114, ЛА клиперс – Атланта 108-107.

Се вчитува...