Легенда во вистинска смисла – Буфон ќе продолжи да брани за Италија?!

Џанлуиџи Буфон е подготвен повторно да ги израдува италијанските фудбалски фанови и да ја продолжи репрезентативната кариера, не сакајќи збогувањето со „аѕурите“ да му биде фијаското со Шведска во баражот за СП 2018. Искусниот чувар на мрежата претходно најави дека планира летово да ја заврши кариерата, во меѓувреме беше објавено дека Јувентус му понудил нов едногодишен договор, а Буфон сериозно размислува да го прифати, воедно и да продолжи да го носи репрезентативниот дрес.

„Скај Италија“ објави дека Буфон ќе биде повикан за претстојните пријателски натпревари против Англија и Аргентина, но не како можност за збогување од националниот тим, туку за продолжување на репрезентативната кариера.

Искусниот чувар на мрежата неодамна наполни 40 години, но на свои блиски пријатели им открил дека сериозно размислува да брани уште две сезони, само за да има можност за настап на уште едно големо натпреварување со репрезентацијата. Доколку не се чувствува во топ-форма по една година, тој би се пензионирал во 2019, но јасна е желбата на ветеранот да остане во фудбалот уште најмалку една сезона.

Се вчитува...