Легендарниот Баркли револтиран: Заработуваат по 40 милиони, не можат да играат од ден за ден!

Еден од најдобрите кошаркари кои чекореле по НБА терените, Чарлс Баркли е револтиран од денешните играчи во најелитната кошаркарска лига во светот и нивното однесување, односно несериозност, а во спротивност со фактот дека заработуваат милионски суми.

Имено, Баркли не се согласува со новиот, продолжен распоред на НБА-лигата, со кој се отстрануваат поголемиот дел на „врзаните“ (од ден за ден) натпревари на клубовите, со цел да зе избегнуваат честите повреди на нивните играчи. Тоа понекогаш е голем проблем, но Баркли не се сложува.

„Сиротите бебиња не можат да одиграат два меча во два дена, а заработуваат по 20-30 милиони долари. Лигата премногу се грижи за играчите, да им биде што поудобно и полесно, бидејќи не вреди да ги стресуваме толку за 40 милиони долари, нели? Приватните авиони и хотелите со четири и пет ѕвезди очигледно не се доволни, не можам да разберам зошто толку се обидуваат да ги штитат играчите. За мене ова е една голема шега, во мое време патувавме од град до со обични авиони, без посебни аранжмани, и игравме последователни натпревари без проблем. Одборот на НБА прави многу голема грешка“, вели Баркли.

Се вчитува...