Легендарниот голман Чилаверт кандидат за претседател на Парагвај

Легендарниот голман на Парагвај, Хозе Луис Чилаверт (52) најави дека има намера да се кандидира за претседател на својата држава на изборите во 2023 година. Тој ужива огромна популарност во својата земја и смета дека би можел да се носи и со државничка улога.

Чилаверт три пати беше прогласуван за најдобар светски голман (1995, 1997, 1997), а беше познат и по одлично извеедување на слободни удари. Во целата своја кариера постигна дури 67 голови, од кои осум за фудбалската репрезентација на Парагвај. Подобар од него е само бразилскиот голман Рожерио Чени, кој од слободни удари и пенали постигна 131 голови.

Се вчитува...