Легендата не застанува – Федерер ќе игра до 2019 година

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го продолжи договорот со турнирот во родниот Базел, на тој начин повторно радувајќи ги своите навивачи.

Федерер, кој неодамна го освои Австралија опен, ја продолжи соработката на уште три сезона, односно до 2019 година.

„Се надевам дека ќе се видиме следната година. Ова беше неверојатен пат. Не можам да бидам посреќен што славев тука“ – порача Федерер по освојувањето во Мелбурн на својот 18-ти Грандслем трофеј.

Неговите навивачи сега може да здивнат, затоа што легендата на „белиот спорт“ ќе биде на терените уште најмалку три години. Годинашното издание на турнирот во Базел е од 21. октомври.

„Едвај чекам да заиграм пред домашната публика. Играњето во Базел е еден од најдобрите моменти за мене, за време на сезоната“ – вели Федерер.

До моментот кога му истекува договорот во 2019 година, Роџер Федерер ќе има 38 години, но сигурно нема и тука да застане затоа што неколку пати досега повторуваше дека постои можност за негов настап на Олимписките игри во Токио, 2020 година.

Се вчитува...