Лејно: Вардар ќе покаже ново лице со Турингер

Ракометарките на Вардар се свесни дека серијата од два порази во ЛШ мора да биде прекината и веќе против Турингер да се врати на победнички патеки. Целта е јасна, „црвено-црните“ да се обидат да се вратат на првото место на табелата и да добијат нешто полесен ривал во четвртфиналето.

Пред нас е натпревар во кој треба да одиграме борбено до крај, се надевам дека Вардар ќе има едно ново лице и ќе ја покаже својата сила. Играме пред домашната публика која ни дава енергија и мотивација. Долго време играме заедно, добро се познаваме. Не очекувам Ирина да направи некои големи промени, а најважно е што целта на нашиот тим останува иста. Јас дојдов овде за да ја освојам Лигата на шампионите и очекувам да го сторам тоа сезонава“ – истакна Амандин Лејно.

Германката Ања Алтхаус очекува добра игра и убедлива победа со која ќе се остават зад себе разочарувачките порази на претходните два меча, против Будуќност и Мец.

Нема да ни биде лесно, и против Туринигер не очекува тежок натпревар. Нашата цел е јасна – да одиграме на најдбар можен начин од првата до последната секунда. Секоја промена на тренерот носи и промени во играта, бидејќи новиот стратег секогаш носи нови идеи. Сепак, ние сме професионалки, ќе одговориме на она што ќе се побара од нас и верувам дека на крајот ќе стигнеме до триумф“ – изјави Алтхаус, која по повредата на Човиќ е единствениот пивот што стручниот штаб ќе го има на располагање до четвртфиналето од ЛШ.

Се вчитува...