Лесна победа за Талески со РНЛ, неочекуван пораз на Миркуловски со Вецлар

Филип Талески со Рајн Некар Левен стигна до 20.триумф во годинашната бундеслигашка сезона совладувајќи го Гумерсбах со 36-26 . „Лавовите“ беа доминантни на теренот во текот на целиот натпревар. Уште по првиот дел имаа двоцифрена предност и двојно повеќе голови од противникот (22-11), а оваа двоцифрена позитива ја сочуваа и во вториот дел и запишаа уште една убедлива победа со која се зацврстуваат на лидерската позиција на табелата.

Повратникот во составот на Рајн Некар Левен, Ким Егдал ду Риц беше најефикасен со 10 гола. Филип Талески имаше главно дефанзивна задача.

Вториот македонски репрезентативец во Бундес-лигата, Филип Миркуловски со тимот на Вецлар претрпе неочекуван пораз од последнопласираниот Лудвигсхафен (31-29 ). Во финишот на првото полувреме, Вецлар постигна четири гола во серија и на одмор замина со 10-15, но домаќините во второто полувреме успеаја да ја анулираат предноста и со неверојатен пресврт во финишот во кој постигнаа четири гола во серија, да стигнат до победа. За Лудвигсхавен ова е само трет триумф сезонава во 25 одиграни натпревари, а за Вецлар 12 поразпо кој остануваат на 9.позиција на табелата.

Се вчитува...