Лесно за Вориорс и Кливленд, нов „трипл-дабл“ на Вестбрук

Голден стејт, Кливленд, Сан Антонио, Оклахома, ЛА Клиперс остварија победи изминатава ноќ во НБА лигата.

Вориорс го надиграа Сакраменто победувајќи со 109-86, Кливленд беше подобар од Индијана со 113-104, додека Сан Антонио славеше против Орландо со 107-79.

Клеј Томпсон постигна 35 поени, погодувајќи седум тројки за победа на Голден стејт, а го следеше Кевин Дурант со 21 поен, седум скока и седум асистенции. Стеф Кари запиша 13 поени погодувајќи само четири шута.

Леброн Џејмс го водеше Кливленд против Индијана со 31 поен, а најголема поддршка имаше од Кајри Ирвинг со 26 поени и седум асистенции, како и Кајл Корвер кој заврши со 22 постигнати поени.

Ламаркус Олдриџ со 23 поени и Кавај Ленард со 22 поени го предводеа Сан Антонио, а нов „трипл-дабл“ запиша Расел Вестбрук со 38 поени, 12 асистенции и 14 скока во победата на Оклахома над Њујорк никс од 116-105. За Њујорк, Кармело Ентони постигна 30 поени, а Дерик Роуз запиша 25 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Индијана 113-104, Орландо – Сан Антонио 79-107, Бостон – Филаделфија 116-108, Бруклин – Милвоки 125-129, Детроит – Далас 98-91, Торонто – Шарлот 90-85, Хјустон – Мајами 109-117, Мемфис – Њу Орлеанс 91-95, Денвер – Минесота 99-112, Феникс – ЛА Лејкерс 137-101, Јута – Портланд 111-88, Оклахома – Њујорк никс 116-105, Голден стејт – Сакраменто 109-86, ЛА Клиперс – Атланта 99-94

Се вчитува...