Лестер не попушти, Рома се откажа од Марез

Рома нема да го доведе Ријад Марез во своите редови откако директорот Мончи не успеа да ги финишира преговорите со Лестер за трансферот на алжирскиот репрезентативец што траеја повеќе од еден месец.

„Волчицата“ денеска испрати понуда за која тврди дека е последна за Марез, покажувајќи подготвеност да плати 32 милиони евра, плус уште три милиони преку две различни клаузули. Челниците на Лестер експресно ја одбија истата повторувајќи го ставот дека Марез не може да се потпише за помалку од 44 милиони евра. Сега италијанскиот вицешампион погледите ги насочува погледите кон останатите опции за засилување на навалната линија, во потрагата по наследник на Мохамед Салах.

Прва опција за Мончи сега ќе биде Лукас Васкез од Реал Мадрид, а не се исклучува ниту можноста да се испрати понуда до Јувентус за Квадрадо.

Се вчитува...