Летонците бараат селектор, Багацкис си поднесе оставка

Кошаркарската репрезентација на Летонија ќе има нов предводник откако Аинарс Багацкис си поднесе оставка од селекторското место, по осум години минати на оваа функција. Иако во моментов не води ниту еден клуб, Багацкис очекува во најскоро време да најде нов ангажман. Во ситуација кога Евролигата и НБА водат војна со ФИБА околу темрините, овој стручњак смета дека нема никакви шанси за истовремено водење на клуб и репрезентција.

Ви благодарам за можноста да работам со овој тим, што ја добив уште пред осум години. На секое натпреварување одевме чекор напред, но овој беше најтешкиот. Откако долго размислував, решив да тргнам во нов правец во својата кариера. Разговарав со луѓето од федерациите, почнуваат квалификациите за СП, воедно и составот на играчи ќе биде многу поразличен, а и јас самиот сметам дека повеќе не е возможно да работам истовремено во клуб и во репрезентација“ – изјави Багацкис за летонските медиуми.

Покрај Багацкис, своите оставки поради новите термини воведени од ФИБА за квалификациските средби за СП 2019 ги поднесоа и Џо Прунти од Велика Британија, Игор Кокошков од Словенија, Крис Флеминг од Германија, како и италијанскиот селектор Еторе Месина.

Се вчитува...