Лев: Германија е најфудбалска нација во светот

Јоаким Лев не го криеше задоволството по освоениот трофеј на Купот на Конфедерациите, откако Германија во финалето славеше над Чиле со 1-0. Германскиот селектор беше критикуван поради одлуката да го одмори речиси целиот состав што го освои последниот мундијал, но Лев на сите им покажа дека може да го извлече максимумот и од оние играчи кои досега речиси и да не добиваа шанса во националниот тим.

Секако дека сум горд, горд на овие млади фудбалери кои покажаа и квалитет и карактер. Точно е, Чиле создаде повеќе шанси во финалето, но ние го оставивме срцето на терен и заслужено победивме. Докажавме дека се најфудбалска нација во светот, триумфиравме на мундијалот во Бразил, сега и на Купот на Конфедерциите. Згора на тоа сме и шампиони на ЕП за играчи до 21 година“ – задоволно изјави Јоаким Лев по најновиот освоен трофеј.

Одличните настапи на голем дел од фудбалерите во Русија сега ќе биде „проблем“ за селекторот, кој ќе се мачи да им најде место крај сите германски ѕвезди во списокот за патници за СП 2018 во Русија.

Не е ни толку важно колку од овие играчи ќе настапат на наредниот мундијал. Она што е најзначајно е дека играа квалитетно кога добија шанса на едно големо натпреварување и ја оправдаа довербата, покажувајќи дека во секое време може да се смета на нив. Овој настап и освоениот трофеј ќе биде значајно искуство за натамошниот дел од нивните кариери“ – истакнува германскиот селектор.

Се вчитува...