Левандовски е гол – машина, постави нов рекорд во квалификациите

Полска со триумфот над Црна Гора (4-2) и дефинитивно го трасира својот пат за настап на Светското првенство во Русија следната година, а го има и најдобриот стрелец во квалификациите. Роберт Левандовски уште еднаш го покажа својот квалитет, поставувајќи нов рекорд по бројот на постигнати голови во еден квалификациски циклус.

Напаѓачот на полската репрезентација стигна до бројката од 16 постигнати голови во овие мундијалски квалификации, откако и денеска против Црногорците се запиша во листата на стрелците. Тој беше стрелец на третиот гол за селекцијата на Полска во 85.минута од натпреварот.

Се вчитува...