Левески: Треба да сме свесни каков противник е Португалија, среќата нека нè посака на евроквалификациите - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Левески: Треба да сме свесни каков противник е Португалија, среќата нека нè посака на евроквалификациите

Левески: Треба да сме свесни каков противник е Португалија, среќата нека нè посака на евроквалификациите

Македонија испушти победа во финишот на пријателскиот натпревар против Португалија. Една од најсилните селекции во Европа и Светот немаше одговор за играта на избраниците на Божовиќ кои сè до 36. минута имаа водство од 2-0. Во финишот падна концентрацијата и Португалија успеа да стигне до реми.

Треба да сме свесни за големината на противникот и да се извлечат поуки за во иднина, смета капитенот Зоран Левески.

„Најважно е што покажавме дека можеме да се носиме со играта на една Португалија. Сепак ова е еден пријателски турнир, еден вид на подготовки пред квалификациите за ЕП кои нè очекуваат наредната година. Докажавме дека Македонија може да се носи и со екипите од првиот и од вториот шешир. Поради тоа и го организиравме овој турнир. Ако среќата нè посака малку повеќе во април може ќе ги освоиме тие важни шест бодови. Португалците имаат голема ротација на квалитетни играчи кои играат систем на брзи контри и треба да бидеме свесни против каков противник играме.  Не играме против една потпросечна екипа па да си дозволиме пад на концентрацијата“ – истакна Левески.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.