Лига Европа: Ница импресивна, БАТЕ Борисов до бод на „Маракана“

Реал Сосиедад во групата на Вардар лесно го среди Розенборг со убедливи 4-0, со рецепт сличен на оној на Зенит од Скопје. Баскијскиот клуб доминираше од првата минута на домашен терен и веќе во првото полувреме поведе со 3-0, рутински совладувајќи го актуелниот првак на Норвешка. Љоренте постигна два погодоци за шпанскиот прволигаш, еднаш меѓу стрелците се запиша Зурутуза, а Скјелвик си постигна автогол пред крајот на првиот дел.

Импресивна победа забележаа фудбалерите на Ница, кои како гости го декласираа белгискиот Цулте Варегем со 1-5. Пли со два гола во првото полувреме ја најави победата на својот тим, на која печат во вториот дел стави Марио Балотели.

Лацио со резултатски пресврт триумфираше во Холандија над Витесе со 2-3, благодарение на погодоците на Имобиле и на Мурџиа во 67. и во 75. минута.

All Goals & highlights – Vitesse 2-3 Lazio – 14… by goalsarena2017

Црвена звезда не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен, ремизирајќи 1-1 на „Маракана“ против БАТЕ Борисов. Гостите од Белорусија ја погодија гредата по контранапад, не користејќи ја најубавата шанса во првото полувреме. „Црвено-белите“ први поведоа преку Радоњиќ, но Сигневич ги замолкна српските фанови на овој натпревар.

1-0 Nemanja Radonjić Goal FK Crvena Zvezda 1-0… by sharleenguglielmoAmazing Gool (1-1) FK Crvena Zvezda vs BATE… by hdlivegoals

Резултати Лига Европа:

ГРУПА Г: ФЦСБ – Плзен 3-0, Хапоел – Лугано 2-1.

ГРУПА Х: Црвена звезда – БАТЕ Борисов 1-1, Арсенал – Келн.

ГРУПА И: Марсеј – Коњаспор 1-0, Гимараеш – Салцбург 1-1.

ГРУПА Ј: Херта – Атлетик Б. 0-0, Зорија – Остерсунд 0-2.

ГРУПА К: Цулте Варегем – Ница 1-5, Витесе – Лацио 2-3.

ГРУПА Л: Вардар – Зенит 0-5, Р. Сосиедад – Розенборг 4-0.

Се вчитува...