„Лилјаците“ во проблеми, Заза мора на операција

Напаѓачот на Валенсија, Симоне Заза, мора да изврши операција на коленото, откако се повреди за време на тренинзите со италијанскиот национален состав на последните репрезентативни обврски. Лошите вести ги потврди и неговиот тренер Марселино.

„Заза веќе извесно време има проблем со менискусот на коленото. Понекогаш го спречува да игра, засега е во ред, но во одреден момент ќе мора на операција за да го отстрани проблемот. Мора така, тој проблем не може да се реши со одмор“, истакна Марселино.

26-годишниот голгетер сезонава блеска во дресот на „лилјаците“, постигна девет погодоци на 10 меча во кои беше стартер. Во вчерашната победа на Валенсија над Еспањол со 2-0, Заза беше на клупата, но не настапи.

Се вчитува...