Лина, Филип Кузмановски, Томи, Мојсо… како промотори на спортот преку семејните вредности (ФОТО)

ВИП арената во СЦ Борис Трајковски беше центарот на задоволни семејства, кои денеска низ ревијални спортски натпревари имаа можност да се дружат, спортуваат и забавуваат со нашите македонски спортски ѕвезди од редот на Филип Кузмановски, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, Лина Ѓорческа,Мартин Несторовски, Огнен Стојановски, Наташа Илиевска, како и спортските легенди, како Стефче Алушевски и Наумче Мојсовски.

Ова е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт,СЦ Борис Трајковски и Сојузот на спортски федерации на Македонија, кој по втор пат на едно место ги собра познатите спортисти, културни умeтници и граѓани со една и единствена цел да го промовира спортот преку семејните вредности.

спорт и семејни вредности 2

Во овие рекреативни и друштвени игри сите беа “победници”, немаше поразени, а низ дружењето, дечињата одблизу ја почуствуваа атмосферата во Вип Арената СЦ Борис Трајковски во која се испишани најголемите спортски, репрезентативни и клубски успеси.За сите учесници имаше симболични спортски награди.

“Промоцијата и воздигнувањето на спортот, негувањето на семејните вредности и мотивирањето на граѓаните за што почесто спортување и спортско дружење со своите семејства е една од главните причини за реализација на овој проект. Убеден сум дека на ваков начин ќе придонесеме за подигнување на свеста за водење на спортски и здрав начин на живот од една страна,но и за одржување на семејните врски и вредности преку спортските активности” – изјави директорот на Агенцијата а млади и спорт Марјан Спасески.

Се вчитува...