Лина Ѓорческа со најдобар ранкинг во кариерата – 182. место на ВТА листата!

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа по успешните настапи на ИТФ фјучерсот вреден 60.000 долари во Тунис стигна до својот најдобар ВТА ранкинг во кариерата.

Ѓорческа во однос на минатонеделното рангирање, напредуваше со цели 20 позиции, па сега со вкупно 307 поени е на 182. место за тенисерки за игра во поединечна конкуренција. Ова е најдобриот ранкинг на македонската тенисерка во нејзината кариера. Досега нејзин најдобар ВТА ранкинг беше 187. место.

На листата за игра во двојки, Лина Ѓорческа е на 134. место што исто така претставува нејзин најдобар ранкинг досега.

На врвот на ВТА листата е Серена Вилијамс, пред Анџелика Кербер и Каролина Плишкова од Чешка. На четвртото место е Симона Халеп, пред Доминика Цибулкова.

Се вчитува...