Лина Ѓорческа тргна триумфално во Тунис

Лина Ѓорческа успешно го стартуваше својот настап на турнирот што се одржува во Тунис, со награден фонд од 60.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка за противник ја имаше Даниела Сегуел од Чиле, по тешка битка успевајќи да го скрши нејзиниот отпор и да стигне до победа од 2-1 во сетови. Ѓорческа  го загуби првиот сет со 6-3, а потоа преку тајбрејк (7-2) успеа да стигне до израмнување.

Македонката потоа заигра најдобро кога беше најзначајно, па во решавачкиот сет славеше со 6-3, за пласман во осминафиналето од овој турнир. Таму Ѓорческа ќе се сретне со 16-годишната Французинка Џулија Вулпио, која денеска во рамките од првото коло ја декласираше кинеската тенисерка Шилин Чу со 6-0, 6-2.

Лина воедно настапува и во конкуренција за двојки, каде заедно со Украинката Позникхиренко за први противнички ги имаат четвртите носителки Букта од Унгарија и Јухашова од Словачка.

Се вчитува...