Лина со историски најдобар ранкинг на ВТА листата – 171. место!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за двете позиции на најновата ВТА ранг листа објавена денеска, стигнувајќи до својот најдобар ранкинг во поединечна конкуренција во кариерата.

Ѓорческа оваа недела ќе биде на 171. место во поединечна конкуренција, напредувајќи за девет позиции. На листата за игра во двојки, македонската тенисерка е на 128. место.

Денеска, Лина Ѓорческа попладне ја очекува и ждрепката за настап во квалификациите на својот досега трет Грандслем турнир, овој пат на Ролан Гарос. Претходно учествуваше и во квалификациите на УС Опен и Австралија Опен.

Се вчитува...